Американската актерка и уметница Алија Шокат (31) конечно ја отвори душата и зборуваше за нејзината врска со холивудскиот шармер Бред Пит (56), со кого ја поврзуваат во последните неколку месеци.
Таа неодамна даде интервју за „Vulture“ во кое објасни дали е во врска со Пит.
„Ние не сме двојка, ние сме само пријатели“, откри актерката и ги демантира озборувањата дека се заедно.
Таа додаде дека не и се допаѓа да биде постојано следена од папараците, па рече:
„Сето ова е премногу за мене. Се чувствувам како да сум гола во училишниот ходник и сите ме гледаат.“
Алија истакна дека била пријателка со Бред за време на самоизолацијата, но меѓу нив немало ништо освен пријателство, ниту, пак, се развиле некакви емоции во љубовна смисла.