Изјава за медиуми, Никола Димитров носител во ИЕ 1
Кандидатот за пратеник и носителот на листата на Коалицијата Можеме предвидена од СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров, за време на изјавата за медиумите пред ОЈО зборуваше за влегувањето во сила на Законот за јавното обвинителство при што беше оневозможен од упадот на опозицијата. Еве што не сакаше ДПМНЕ да чуе и да се чуе:
30 јуни 2020 год. Голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани. Денес влегува во сила тешко донесениот дво-третински Закон за јавното обвинителство.
Закон за којшто два еврокомесари, и претходниот Хан и актуелниот Вархеји ни укажуваа дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, за ЕУ. Некои земји членки многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија особено холандскиот парламент. Закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус, се донесе со дво-третинско мнозинство, но без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден?
Затоа што случаите врзани со прислушуваните разговори што ги истражуваше и за кои подигнуваше обвиненија поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Одат во рацете на Јавното обвинителство. Второ, покрај тоа што случаите нема да одат под килим, овој закон овозможува јавните обвинители да не ги бираат политичките партии, туку самите обвинители – истакна Димитров.
За време на изјавата за медиумите, на крајно недемократски начин за овој тип на настани, портпаролот на опозициската партија се обиде да го оневозможи јавното обраќање на Димитров до граѓаните, дрско и агресивно надвикувајќи ја изјавата на носителот, спречувајќи ги медиумите, а со тоа и јавноста да ја чујат неговата изјава.
Кога погодувате точно во сржта, во нервот, вака изгледа. Овој театар е уште еден доказ којшто најпластично покажува дека опозицијата прави шум со цел јавноста да не ја дознае вистината за нивните криминали. Овој упад покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ е да бега од правда. Драго ми е што ја потсетија јавноста за начинот на нивното справување со вистината и благодарам што им дадоа уште една причина на граѓаните да гласаат против симболот на неказнивоста.”