Дуда победи во првиот круг на претседателските избори во Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда победи во првиот круг од претседателските избори, покажаа конечните резултати, а вториот круг ќе се одржи на 12 јули.

Дуда доби 43,50% од гласовите, а Трзасковски 30,46%, покажуваат резултатите.

Дуда, сојузник на владејачката конзервативна партија Право и правда (ПИС), ќе се соочи со либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски, лидер на центристичката опозициска Граѓанска платформа.

Улогата на претседателот во Полска е претежно церемонијална, но тој има право да стави вето на законите донесени од парламентот.

Трасковски би можел, во случај на победа, да ги блокира законите донесени од долниот дом на полскиот парламент, во коj ПИС го има мнозинството.

Треба да знаете
Последни објави