На 29.06.2020 околу 09.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на фарма за добиток во село Превалец, велешко, четири непознати лица кои се претставиле дека се од село Сарај, го измамиле П.К.(67) од Велес. Измамата ја извршиле така што договориле купопродажба на девет грла крупен добиток за сума од 6.000 евра, но не платиле ништо.
Откако добитокот го натовариле во товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, двајца од нив заминале, додека П.К. со останатите две лица, кои биле со патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, се упатиле до Ветеринарна станица во Велес за да ги комплетираат документите за купопродажбата.
По ова, едно од лицата, користејќи изговор дека ќе го пренесува неговиот брат, на П.К. му оставил паричник како гаранција, по што лицата заминале. Откако П.К. го отворил паричникот, кој бил наполнет со хартија, дошол до сознание дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.