Излезноста секако дека ќе биде мала и лично не очекувам таа да биде поголема од 50 отсто. Тоа во иднина сериозно ќе го доведува во прашање легитимитетот на избраните пратеници во законодавниот дом. Затоа граѓаните да излезат масовно, време е двете најголеми партии да заминат во историјата за да се остави простор новата и чесна власт да им суди, вели во интервју за 24 Инфо, професорот Јове Кекеновски, носител на листа во ИЕ 2 од Колицијата „Никогаш северна само Македонија“.
Сведоци сме на една “бомбастична” кампања, за во која рековте дека Христијан Мицкоски и Зоран Заев наместо да поднесат оставки пред сопственото членство продолжуваат со манипулации и лаги. Колку овие „бомби“ реално имаат влијание врз гласачите и дали може да имаат спротивен ефект па да ги демотивираат граѓаните да не гласаат?
Јас навистина незнам дали после сето ова што го слушнавме има некој нормален човек кој би го дал гласот за овие двајца лидери и нивните партии. Па зарем е можно да слушате како едниот барал и добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер на партијата и за останатите учесници во овој криминален настан. Плус на сето ова тој се уште работи за спас на бегалецот, кој го постави на претседателската позиција и има желба да го врати во државата. Од друга страна за оној другиот слушаме како постојано ги рекетарел сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името односно на успех на референдумот, кој за срека беше неуспешен. И згора на сето тоа истиот овој сите ќе ги соберел на куп и ,,шуто и рогато и потоа ке им е…л мајката”. Брејјј, брејј какви ,,манги” сме имале? И после сето ова што го слушнавме и она што допрва ке го слушнеме зарем е нормално некој да гласа за овие персони?.
Да имавме правна држава во која функционира независно Јавно обвинителство и департизирана полиција овие веднаш ќе беа уапсени, а не и понатаму бесрамно да се топорат на бината и упорно, дрско и безобразно и понатаму ги манипулираат и лажат граѓаните. Да имавме демократски партии и слободоумно членство во сред кампања ќе се охрабреше и секој од својот лидер ке си побараше оставка. Така е во нормални држави и партии кои размислуваат и дејствуваат нормално и цивилизациски.
Оваа сегашна ситуација и состојба во нашата држава мошне верно е претставена во едно уметничко дело на фламанскиот сликар Питер Бројгел-постариот во далечната 1586 година. Се работи за вистинско ремек дело наречено ,,Слепец ги води слепите”. Доколку се обидеме религиозната нота на темата од сликата на Бројгел да ја вметнеме во денешниот македонски простор и време се доаѓа до неверојатно потврдување на зборовите на Исус и до клучната порака дека секоја група на луѓе или држава или партија која е водена од ,,слепци“ на крајот завршуваат до длабока „јама“од која нема излез и спас. И на крајот од ова прашање да одговорам дека кога ке слушнете вакви гнасотилаци нормално е да се разочарате. Но бидејки се работи за иднината на нашите деца секој граѓанин треба да се мотивира, да се охрабри да излезе на изборите и да ги казни овие непрокопсаници и нивните поддржувачи и да остави простор новата и чесна власт да им суди.
Во контекст на претходното прашање, какви се вашите очекувања за излезноста на изборите, дали коронавирусот ќе го намали одзивот и дали 15 јули е најдобриот термин за избори?
Излезноста секако дека ќе биде мала и лично не очекувам таа да биде поголема од 50 отсто. Тоа во иднина сериозно ќе го доведува во прашање легитимитетот на избраните пратеници во законодавниот дом. Секако дека 15 јули не е добра опција поради повеке причини. Најнапред поради високата температура, второ поради фактот што надлежните се уште не можат да се справат со здравствената криза предизвикана од Ковид 19 вирусот и трето, поради фактот што овој датум е резултат на владеење на каприците и суетите на недозреаната и несовесна политичка елита, на нивните каприциозни и незрели желби, замисли и идеи. Добро е што, иако јавно не признаа, властите сепак го прифатија мојот и предлогот на ФРОДЕМ и Колицијата никогаш северна само Македонија, гласањето заради заштита на здравјето на избирачите и членовите на избирачките одбори да се одвива 3 дена.
Какви се вашите очекувања од вашиот настап на изборите во однос на пратеничките места?
Се ќе зависи од тоа дали неопредлените, незадоволните и разочараните од политиката на двете условно големи политички партии, најголемите гробари на Македонија, ќе соберат храброст и ке излезат да ги казнат и едните и другите. Секако дека настојуваме да освоиме што е можно поголем број пратеници за да овие две партии ги пратиме во историјата. Но, сепак на крајот тоа зависи од желбата и мотивот на гласачите. Доколку по број на гласачи ги надминеме партиските измеќари и амали на туѓиот срам сигурен сум дека успехот ќе биде загарантиран. Во спротивно не очекува ситуација од уметничкото дело на Питер Бројгел опишана во првите редови на ова интервју.
Вашите ставови се познати во однос на Преспанскиот договор. Дали поништување на истиот би бил услов за евентуална коалиција ако освоите пратенички места или ќе прифатите место во власта под други услови?
Па секако за да ги реализираме нашите заложби најдобро би било да освоиме мнозинство пратеници, иако тоа во овој момент кога излегуваме на политички ,,мегдан” според одредбите на еден недемократски и дикриминирачки Изборен законик кој ги фаворзира двете партии гробари на Македонија е нереално очекување. Ќе бидеме задоволни да освоиме толку пратеници кои ќе бидат клучот за правење парламентарно мнозинство, а истото да не се направи. Ова го велам поради фактот што ниту СДССМ ниту ДПСМНЕ инту ДУИ нема да ја добијат нашата поддршка за правење мнозинство, затоа што целта ни е да се отарасиме и од сите нив и конечно да создадеме современа и демократска држава во која сите ке бидеме еднакви пред законот и каде секој сторител на кривично дело ќе си го добие заслуженото. Евентуална соработка и постизборна коалиција доаѓа во предвид само со оние политички паритии кои ги имаат истите наши заложби за кои безрезервно се залагаме и ќе се залагаме и во иднина, и кои доследно ке ја почитуваат македонската држава како своја држава каде нема да има привилигерани и маргинализирани етнички групи и заедници и кои ке ја почитуваа својата македонска припадност како по род така и по државјанство.
Можно ли е сценариото од минатите избори победничката партија да не состави влада и премиер Албанец ако ДУИ биде решавачкиот фактор?
Според мене албанските гласачи се свесни и на овие избори дебело ке ја казнат ДУИ, така што таа нема да биде никаков политички фактор. Што би рекле нашите северни соседи ,,Њихово време је прошло (тука мислам и на СДССМ и на ДПСМНЕ). Дошло је време ќорке”. Сите овие години нејзините функционери благодарение на тоа што беа во прегратките на СДССМ и ДПСМНЕ, постојано цицаа на државните јасли, а сето тоа го гледаа нивните членови и симпатизери. Тие во обидот да спасат што може да се спаси преку нивната заложба за ,,Албанец премиер” свесно ја радикализираат и наелектризируваат состојбата. Ваквите ретроградни, деструктивни и сецесионистички политички сили се минато и секој нормален човек ќе ги осуди, а не да им даде глас.