Парот што прави милијарди заедно, останува заедно? Канје Вест не може а да не биде горд на својата сопруга Ким Кардашијан Вест за влезот во клубот на милијардери.
43-годишниот рапер во понеделникот се појави на социјалните мрежи за да ја пофали ријалити-ѕвездата и успешен претприемач, откако таа потврди дека продала 20% удел од нејзината линија за убавина KKW на гигантот Coty Inc. за 200 милиони долари. Оваа продажба Ким ја прави милијардерка.
„Јас сум многу горд на мојата убава сопруга Ким Кардашијан Вест што официјално стана милијардер“, напиша Канје на Твитер.
„Ги помина најтешките бури и сега Бог блеска на тебе и на нашето семејство …многу те сакаме”, вели раперот, кој исто така се придружи на клубот милијардери годинава.
Продажбата ја прави Ким (39) најбогата членка на семејството Кардашијани, претекнувајќи ја сестрата Кајли Џенер, која продаде 51% удел од нејзиниот бизнис, „Кајли козметика“, исто така на “Коти“ во јануари.