Ирскиот актер покажува импресивни мускули на фотографиите кои папараците ги направија во понеделникот кога го забележаа на улиците во Лос Анџелес.
44-годишниот Колин Фарел, облечен во бела маичка без ракави и долни тренирки, е доказ дека редовното вежбање резултира во добро обликувани и изградени бицепси.
Ѕвездата на „Телефонска говорница“ (Phone Booth), а сега лошиот пингвин во новиот „Бетмен“ ги покри устата и носот со црна маска за лице среде пандемија на коронавирус.
Колин може да се види во научнофантастичната авантура „Артемис Фаул“, кој почна да се прикажува овој месец на стриминг-платформата „Дизни +“ откако неговата премиера во киносалите беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.
Ирскиот актер ќе го глуми пингвинот, негативниот лик во новото продолжение на блокбастер-серијалот за човекот лилјак „Бетмен“.
Новиот „Бетмен“ се снима под називот „Одмазда“, а покрај Колин, во филмот глумат Роберт Патинсон во улогата на Бетмен, Пол Дано како Ридлер, Џон Туртуро како Карман Фалкон, Зое Кравиц како „кетвоман“ или жена мачка..