В byо оваа кампања мислам дека имаме помала доза на тензија. Јасно е дека државата никого не снима, иако секој секого снима под маса. Јасно е кој за што се залага. Од разговорите гледаме дека едната страна се залага да се запре државата да оди напред, а другата работи за добробит и просперитет на граѓаните, изјави Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
Денес секој граѓанин од која било етничка заедница може да комуницира со институциите на својот мајчин јазик и да добие одговор на сопствениот мајчин јазик. –истакна министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски на гостувањето во Утрински брифинг.
Тој го посочи и носењето на Законот за употреба на јазиците со огромно мнозинство.
Кампањата на ДУИ ,темата и начинот е од некои поранешни времиња. Ова денес не се проблемите на албанската етничка заедница,тие се исти како на другите граѓани,владеење на правото ,економијата.
Дуи ја промашија темата на кампањата. И после се што заедно направивме во оваа Влада, да се излезе со една ваква етно- центристичка кампања, мислам дека им е грешка.-истакна Мначевски.
Тој посочи дека меѓуетничките односи не се појавуваат како проблем за граѓаните од било која етничка заедница. Различно е од тоа што беше порано.
Главна задача на сите ќе ни биде да си направиме една внатрешна реформа, рече Манчевски