Според сите расположливи анкети кои јас сум ги видел 4% сум во предност пред Зоран Заев во изборната единица 4 додека ВМРО-ДПМНЕ на ниво на територијата на Република Македонија води и со над 4% разлика пред СДСМ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Само вистина“ на Телевизија Канал 5.
Убеден сум во победата на ВМРО-ДПМНЕ и во мојата лична победа во изборната единица 4. Предноста моја пред Зоран Заев е околу 4% додека ВМРО-ДПМНЕ води и со над 4% сублимирано од сите изборни единици. Граѓаните се свесни што се случуваше последниве три години и буквално впечатокот од терен е дека едвај чекаат да дојде 15-ти јули за да ги казнат погрешните политики на власта и на Зоран Заев, истакна Николоски