Славјанка Петровска, заменик министерката за внатрешни работи вели дека е недозволиво е да ги злоупотребувате државните ресурси за партиски цели. Таа вака ја коментира одлуката на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на партиска средба да се појави со службено возило.
Имено техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на партиска трибина на ВМРО ДПМНЕ во Горно Лисиче пристигнал со две службени возила од МВР, Ауди 6 и Шкода Супер.
-Недозволиво е на пладне да држите прес конференции и да праќате телеграми кон вработените да ги почитуваат законите и да се однесуваат професионално, а истиот ден попладне да ги злоупотребувате државните ресурси за партиски цели. Ова се остатоци од режимот на Груевски кога тие кои ги кршеа законите мислеа дека ќе бидат неказнети- вели Петровска.