Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан.
Таа минатиот месец е осудена на шест години затвор, но нејзините адвокати најавија жалба на пресудата.
На почетокот на овој месец Франција побара Аделкан да биде веднаш ослободена, нагласувајќи дека нејзиното затворање ќе ја наруши довербата меѓу двете земји.
Иран го отфрли апелот на Франција да ја ослободи 60-годишната антропологистка, која се наоѓа во притвор од јуни минатата година, со образложение дека станува збор за внатрешно прашање на Иран.