– Носителот на кандидатската листа во втората изборна единица Оливер Спасовски денеска заедно со кандидатката за пратеничката Лидија Тасевска ја посети кумановската компанија Бучен Козјак, што произведува млечни производи.
-Континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се истакнуваат и за кое се наградени, како со многубројни признанија од релевантни институции, така и со довербата од граѓаните. Продолжуваме да креираме услови за напредок на нашите компании, за модернизација на процесите, за зголемена продуктивност и конкурентност, сѐ со цел трансформација на новата македонска развојна економија, објави на Спасовски на Фејсбук.