Девојката за која се зборуваше дека е новата избраничка на Бред Пит, конечно ја кажа вистината

Американската актерка и уметница Алија Шокат (31) конечно ја отвори душата и зборуваше за нејзината врска со холивудскиот шармер Бред Пит (56), со кого ја поврзуваат во последните неколку месеци.

Таа неодамна даде интервју за „Vulture“ во кое објасни дали е во врска со Пит.

„Ние не сме двојка, ние сме само пријатели“, откри актерката и ги демантира озборувањата дека се заедно.

Таа додаде дека не и се допаѓа да биде постојано следена од папараците, па рече:

„Сето ова е премногу за мене. Се чувствувам како да сум гола во училишниот ходник и сите ме гледаат.“

Алија истакна дека била пријателка со Бред за време на самоизолацијата, но меѓу нив немало ништо освен пријателство, ниту, пак, се развиле некакви емоции во љубовна смисла.

 

Треба да знаете
Последни објави