Заев од Велес: Да ни останат младите дома овозможуваме за младите до 29 години и жените ослободување од плаќање на даноци за започнување на бизнис!

Победничкиот караван на СДСМ и коалицијата „Можеме” вечерва е во градот Велес. На граѓанската трибина се обрати претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев.
„Велес е градот во којшто се зборува на најчистиот дијалект, основата на нашиот убав македонски јазик.  Срцето на Македонија е овој град. Најголемиот интелектуален капацитет произлегувал од Велес, авангарда е нашиот Велес.” порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Зборувајќи за новата понуда кон граѓаните на СДСМ и коалицијата „Можеме” претседателот Заев рече дека во следниот четиригодишен мандат ќе градиме нова македонска економија која уште повеќе ќе насочува пари кон граѓаните и компаниите.
„Отворивме 60.000 работни места во реалниот сектор. Просечната плата за овие неполни три години порасна за 5.000 денари, од 22.300 денари на 27.206 денари. Имаме многу мерки со кои ќе ги поттикнеме младите да останат во нашата земја. Ќе им се враќа персоналниот данок на нововработени лица до 29 години  директно на личните сметки во првите 2 години од вработувањето. Исто така за оние млади лица до 29 години и жени кои ќе сакаат да започнат сопствен бизнис ќе бидат ослободени од плаќање на даноци до моментот до дека не достигнат годишен промет од 3 милиони денари” посочи претседателот Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави