„Христијан Мицкоски тврдеше дека ако на некој начин бил инволвиран во „Рекет“ не морало да му се поднесе кривична пријава, туку сам директно ќе се пријавел во Шутка. Еве сега имаме докази дека се познавал со Милевски Кичеец, а тврдеше во јавноста дека не се познавале. Исто така тврдеше Мицкоски дека не земал пари, ама еве сега земал пари и од Камчев и од Мијалков. Значи, лага до лага. Сега ми е се појасно, Мицкоски имал тесна соработка и со Кичеец, и со Камчев, и со Мијалков.“- Му се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на политичкиот опонент Христијан Мицкоски во телевизискиот дуел на телевизија 24.
Заев ги покажа ревизорските извештаи на кои никаде не се наведени имињата на Камчев и на Мијалков дека дале пари во партијата, со што се потврди дека нивните пари се нелегални, а ВМРО ДПМНЕ, иако има обврска, никаде не ги пријавила.
„Еве, ова во раката ми се финансиските извештаи на партиите, никаде ги нема парие за кои Мицкоски самиот си потврдува дека ги зел. Зел и од Камчев, зел и од Мијалков, значи тие се тајните финансиери на партијата, но со какви пари? Парите никаде не се пријавени. И сега демагогии за правна држава ќе продавате? Каква правда, какво право, вие знаете само за власт, моќ и пари.“- му рече Заев на Мицкоски.
Кажете ми маиците што се за оваа кампања се платени од Орце Камчев повторно? Или од Никола Груевски се парите? Дај кажете едноставно е.“ – праша Заев.