Супер лебовите се правени по едноставен рецепт, кој во својата основа има исклучиво 100% целозрнести состојки, збогатени со супер семки, зрна, житарки и маслиново масло за уникатно богат вкус.
Љубителите на здрава исхрана кои не се подготвени целосно да се откажат од лебот, треба да знаат дека супер лебовите се одлично дополнување на секој оброк, најмногу поради нивната нутритивна вредност, ама и поради неповторливиот вкус на комбинацијата на интегрално брашно, супер житарки, семки и зрна.
Кои се трите супер лебови што може да ги најдете на секоја полица во маркетите и што значат нивните супер состојки?
Интегралниот леб со супер семки – чија и тиква претставува одлична комбинација за избалансиран појадок, бидејќи чијата претставува богат извор на омега 3 киселини, антиоксиданси и растителни влакна, а семките од тиква се богати со протеини, диететски влакна, минерали, поли-незаситени масни киселини и фитостероли.
Интегралниот леб со супер житарки – е направен со из‘ртена спелта и овес. Из’ртената спелта му дава посебна карактеристика бидејќи за разлика од обичната пченица, таа е побогата со протеини со висока биолошка вредност, а содржи и повеќе минерали. Из’ртениот овес содржи значајна количина квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна (бета-глукани), фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер. Токму комбинацијата од овие „супер житарки” го прават овој леб вистински избор за енергичен оброк.
Хељдата како природен извор на полифеноли, фитостероли, диететски влакна, витамини, минерали, антиоксиданси и незаситени масни киселини, во комбинација со амарантот кој е извор на висококвалитетни протеини, го прават Интегралниот леб со супер зрна – хељда и амарант, совршен за здрава и вкусна исхрана.
Жито Лукс е компанија со традиција постара од седум децении што во континуитет ги следи светските трендови и истите ги имплементира во своето производство, со цел да ги задоволи барањата за здрава, балансирана и супер исхрана.