Претседателот на Венецуела Николас Мадуро му нареди на амбасадорот на ЕУ во Каракас да ја напушти земјата во рок од 72 часа.
Како што пренесуваат странските агенции, Мадуро се реши на овој потег откако ЕУ воведе санкции врз група функционери од Венецуела за постапување против Конгресот, предводен од опозицијата.