Српскиот епидемиолог Предраг Кон денеска изјави дека не се очекувало дека новиот коронавирус ќе покаже толкав потенцијал во текот на летото.
– Таа неочекуваност не се случи само кај нас. Каде и да се олабавија мерките, нагло се појавуваше, рече Кон.
– Мислам дека сега сме на максимум од вториот врв. Многу е важно мерки да се воспостават, па дури и ако не се почитуваат да се применат санкции, посочи епидемиологот.
Кон изјави дека првичното затворање на државата е заменето со носење маски.
– Денес, постојат јасни истражувања кои покажуваат дека маската поединецот го заштитува само 30 проценти, но ако секој носи – тогаш заштитата е повеќе од 90 проценти, рече Кон.
Тој смета дека сегашното сценарио не е најлошото што можеше да се случи и дека фактот дека вториот врв се случил во текот на летото е олеснителна околност, затоа што „не се судира со сезонскиот грип”.