Носителот на изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова Македонија“ Александар Николовски вечерва од Радовиш порача дека промените се неопходни и ги повика граѓаните масовно да излезат на 15 Јули и да ја испратат најненародната власт на политичкото буниште .
„ Седми ден во кампања можам да ви кажам прекрасна енергија убава атмосфера убави вибрации од целата 4 изборна единица. Секаде убава една енергија се собира околу ВМРО ДПМНЕ затоа што сите се свесни дека промените се неопходни и дека доаѓаат на 15 Јули си оди оваа ненародна власт и оди Заев на најтемните страни на историјата затоа што и тие треба да се пишуваат. Ве повикувам на 15 Јули на масовна огромна референдумска излезност „ кажа Николоски.
Николоски потенцираше дека СДСМ единствено донесоа национално понижување , предавство и економско опустошување во изминатите три години што поминаа.
„Луѓето се чувствуваат национално понижени заради сите предавства што се случија во овие три години, промената на името , воведувањето двојазичност и кај што треба и кај што не треба и продажбата и трговијата со историјата. И втората работа , економско опустошување„ појасни Николовски.
Дополнително носителот на изборна единица 4 Николовски дополни дека граѓаните масовно се иселуваат заради криминалната влада на СДСМ заради лошо образование , лошо здравство и катастрофални економски услови.
„Белата чума владее , си одат луѓето по белиот свет по Швајцарија по Германија по Америка по Австралија . Тоа е тажната вистина на која што мора да ставиме час поскоро крај. И не си одат луѓето само заради лоши економски услови. Си одат како што ми велат најголем дел од нив заради децата а тоа значи дека чувствуваат дека нема ред во Македонија дека има многу криминал корупција нема добар здравствен систем образованието е како никогаш порано однесено на најниски можни гранки и едноставно условите за живот се лоши„ рече Николовски.
Александар Николовски како носител на изборна единица 4 на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „„За Обнова на Македонија“ кажа дека со давање глас за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните гласаат за проекти и за непрестаната битка за државата. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има тим и дека се обврзува и со сигурност ќе ги исполни сите ветени проекти.
„Со гласот на ВМРО-ДПМНЕ бројот 14, листата на ВМРО ДПМНЕ гласате за програмата обнова која што значи 1000 проекти ама не само 1000 проекти на хартија туку силна битка за нивна реализација. Од прв до последен ден од прв до последен проект. Затоа што имаме тим предводен од претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој што ќе го реализира тоа што го ветува„ додаде Николовски.
Тој на крај порача дека треба да се стави крај на криминалната мафија која ја пустоши државата на чело со СДСМ и ги повика граѓаните на масовна излезност за регенерација на Македонија.
„Бандити и арамии владеат со Република Македонија, ја крадат ја пустошат ја цицаат ви ја цицаат маката и ви ги бркаат децата надвор од државата. Тоа е тажната вистина која треба да ја смениме на 15 Јули. Ве повикувам на голема масовна излезност , референдумска излезност. Да ставиме крај на арамиите и бандитите , да ја удриме во чело мафијата која што владее во Македонија и да си ја вратиме државата. Ве повикувам за голема масовна излезност„ посочи Николовски.
https://www.facebook.com/NikoloskiA/videos/663374527592641