САД го укинуваат специјалниот статус за Хонг Конг

САД денеска почнаа да го укинуваат специјалниот статус на Хонг Конг, суспендирајќи го извозот на воена опрема и ограничувајќи го високо-технолошкиот извоз на американски производи, како брз одговор на усвојувањето на новиот кинески Закон за национална безбедност за Хонг Конг, пренесоа британските медиуми.

Американското Министерство за трговија соопшти дека го суспендира „преференцијалниот статус на Хонг Конг”, повикувајќи го официјален Пекинг веднаш да го суспендира новиот закон и да ги испорача ветувањата дадени пред граѓаните на Хонг Конг и светот.

-Одлуката на кинеските власти да ја уништат слободата во Хонг Конг ја принуди американската  администрација да ја преиспита својата политика кон оваа територија, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Помпео истакна дека САД реагираат со цел да ја заштитат националната безбедност.

Официјален Пекинг вчера соопшти дека ќе воведе визни ограничувања за сите Американци кои се спротивставуваат на промените во Хонг Конг.

Треба да знаете
Последни објави