И покрај одлуката на американскиот претседател на Доналд Трамп да ги прекине врските со Светската здравствена организација (СЗО), САД продолжуваат да работат со организацијата на дневна основа.
– Не ми е наложено да се повлечам, изјави денеска заменикот-секретар за здравство на САД, Брет Гироир, кој, исто така, е член на извршниот одбор на СЗО.
– Веројатно во октомври ќе биде следниот состанок на извршниот совет и верувам дека ние ќе продолжиме да работиме со СЗО како нејзина членка во однос на стандардите на јавното здравство, рече тој, дополнувајќи дека Американци учествувале на состанокот пред два дена.
– Се уште не сум добил никакво упатство за тоа дали ќе останеме членки и дали ќе одам на слендиот состанок на извршниот одбор, потенцираше заменикот секретар за здравство на САД.