Турција го осуди „деструктивниот” пристап на Франција во Либија

Турција денеска го осуди „деструктивниот” пристап на Франција во конфликтот во Либија и го обвини Париз дека се стреми да го засили присуството на Русија во земјата.

Оваа проценка е уште една епизода од ескалацијата на тензиите меѓу двата сојузници на НАТО и најнова размена на остри меѓусебни обвинувања во врска со прашањето, коментираат светските медиуми.

– Франција, со која владее Макрон или поточно не може да владее во моментов, беше во Либија само заради сопствените интереси и амбиции со деструктивен пристап, исто како што ја турна Африка кон нестабилност во минатото со колонијален пристап и кога ја бомбардираше и замина од Либија во 2011 година, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пред новинари во Анкара

Треба да знаете
Последни објави