Истокот најбрзо се развива, во следниот мандат ќе продолжиме со мерките и политиките за поррдшка на земјоделството, ќе обезбедиме 100% покриеност на зелена нафта за земјоделците, а тоа го можеме бидејќи водиме политики за враќање на парите кај граѓаните, не градиме скултури, не се изнесуваат парите во Белизе, нагласи Николовоски.
Тој додаде дека пари во државата има, но зависи како се трошат, ако се однесувате домаќински има доволно пари за раст на плати, зголемување на пензии, враќање на дел од ДДВ назад кај граѓаните.
Истокот тоа го знае, некој добил државна пензија, некој социјална помош зголемена за три пати, стечајците добиваат помош од 8.000 денари, истакна Николовски,
За 2,5 години тежок мандат освен крупните политики, успеавме да спроведеме низа мерки за парите да се враќаат кај граѓаните, порача Николовски.