Поради дефект ќе има прекин во водоснабдувањето во Батинци и Љубош

Населбите Батинци и Љубош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа.

ЈП Водовод и канализација информира дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот до санирањето на дефектот.

Поради промена на затворач од Ф-80 милиметри на улицата „Црниче“, раскрсницата со улицата „Востаничка“ прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел во градот.

 

Треба да знаете
Последни објави