Во последното деноноќие во Албанија од направени 276 тестови, позитивни на Ковид-19 се 45 лица, што е за 24 случаи помалку споредено со вчера.
Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени се зголеми на 2.580 лица.
Во исто време оздравеле уште 57 луѓе, а починале две лица.
Активни се 999 случаи од кои хоспитализирани се 71 лице.