Атанасов се раздели со Бурсаспор

Македонскиот фудбалски интеранционалец Јани Атанасов се раздели со турскиот Бурсаспор. Одлуката за раскинување на соработката 20-годишниот Атанасов ја соопшти преку социјалните мрежи, а како причина за разделбата ја наведе малата минутажа која му беше укажувана за настап во тимот.

– Не постоеше позитивен пристап од тренерот уште од самиот почеток. На секој меч бев одвоен од А тимот. Немав одговори на прашањата кои ги поставував што треба да поправам. Исто така имав проблеми околу мојот претстој, спортски и економски. Јас секогаш се борев за клубот, за градот, навивачите – вели Атанасов кој во сезоната 2018/19 година од редовите на Академија Пандев замина за првпат на фудбалска печалба.

Бурсаспор се бори за враќање во елитата, се наоѓа на третото место со 52 бодови, еден помалку од второпласираниот Ерзурум, а лидер Хатајспор (57).

Треба да знаете
Последни објави