Богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, порасна на скоро 172 милијарди долари, што според индексот на милијардери на „Блумберг”, е нов рекорд кога станува збор за најбогатите луѓе во светот.
Причината за добрите резултати на Амазон е огромното зголемување на купувањето преку интернет за време на пандемијата на коронавирусот.
Безос го надмина претходниот рекорд оваа недела, што го постави во септември 2018 година, кога поседуваше богатство од 167,7 милијарди долари.
Неговото богатство продолжи да расте и покрај неговиот развод од неговата поранешна сопруга Мекензи минатата година, кога таа се здоби со 25 отсто од акциите во „Амазон”, што е околу 4 проценти од уделот во компанијата, јави Си-Ен-Ен.
Таа во моментов е 12-та најбогата личност во светот со 57 милијарди долари.