Владата ја демантира веста дека вчера на кеј Димитар Влахов, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, сопственост на Владата на Р.С.Македонија, објавена од МВР во дневен билтен.
Ви праќаме информација поврзана со веста објавена на Вашиот портал со наслов „Изгоре трева на Кеј, се запали и владино „ауди””, а во која е подвлечено дека „На 02.07.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов”, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4″, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Р.С.Македонија.”
Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.