Европската комисија ја испрати предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ на разгледување од страна на земјите-членки. Ова е уште еден важен чекор на патот кон ЕУ.
Ова го напиша на својот Твитер профил евроамбасадорот Самуел Жбогар, откако Европската комисија вчера ја предаде предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.
ЕК вчера ги предаде преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија до Советот на ЕУ, а содржината на рамките се објавува само откако таа ќе биде усвоена од страна на земјите членки во Советот. Преговарачките рамки се позицијата на Европската Унија во преговорите за членство. ЕК омисија поднесува нацрт рамки до земјите членки, кои треба да ги усвојат по евентуални модификации.