„Ветив дека и премиерот не треба да има повеќе од два мандата, исто како и претседателот. Ја водев владата 2,5 години и постигнавме неспоредливи резултати со нивните 11 години, членство во НАТО и преговорите со ЕУ ни се доказ… Барам поддршка за втор мандат, да одржиме екононмска лекција, да покажеме дека имаме работоспособен народ, дека имаме поволна географска положба, дека имаме плодно земјиште, дека имаме едуцирана младина, и да покажеме дека и стандардот може да ни биде како на европските држави. Покажавме првиот мандат дека знаеме и можеме, затоа можеме и вториот мандат. Моежеме заедно, сите ние, сите ние кои се определуваме за европски и демократски вредности.“- им се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев на граѓаните на Кочани од предизборната трибина.
На трибината беа преставени носителите на изборната листа за третата изборна единица на коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.