На 02.07.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Р.С.Македонија. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.