Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надмина 600.000 откако здравствените власти соопштија за нови 19.114 заразени во изминатите 24 часа.
До денеска, во Индија се регистрирани 604.641 заразени лица, од кои околу 100.000 се пријавени во изминатите четири дена.
Министерството за здравство на таа земја соопшти дека вкупно починале 17.834 лица.
Во трите најтешко погодени земји, вклучително и оние каде се наоѓаат Мумбај и Њу Делхи, пријавени се повеќе од 60 проценти од заразените.
И покрај зголемувањето на бројот на заразени, плжите во државата Гоа од денеска се отворени за туристи, а властите дозволија 250 хотели повторно да ги отворат своите врати, по повеќе од три месеци.