Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.
– Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки – рече Силјановска.
Професорката објасни дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.
– Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус. Незнаење и на јазичната политика на ЕУ дека само во Европскиот парламент има јазичен мултилингвизам, дури и во Судот за правдата францускиот е службен, во Европската банка англискиот е службен, значи дури по завршување на преговорите кога ќе се соочиме со регулативата од 1958 година тогаш ќе стане официјален – објасни професор Силјановска.
Според Силјановска „нема крај на радоста по не знам кој пат се радуваме“, рече таа и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за датум на преговори“.
– Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер – рече Силјановска.
Она што ме загрижува, рече Силјановска, и посочи на Коѕијас кога во еден документ вели дека Грција се води од националните интереси, а не од евроинтеграциските аспирации на соседот. Се надевам работите во од, ќе добијат друга димензија, кажа Силјановска.