Американскиот претседател Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа сите да носат маски, нагласувајќи дека со нив личел како осамен ренџер.
Тој исто така рече дека маските не треба да станат задолжителни за да го спречат ширењето на ковид-19.
На прашањето кога ќе стави маска, тој одговори: Ако се најдам во тесна ситуација со луѓе, ќе ставам апсолутно“. Тој додаде дека луѓето го виделе дека еднаш носел маска.
Тој повторно предвиде дека инфекцијата ќе исчезне, додека САД ги погоди нов рекорд на 52.000 случаи на коронавирус во еден ден.
САД сега имаат речиси 2,7 милиони потврдени случаи и над 128.000 починати, според универзитетот Џонс Хопкинс, кој ја следи пандемијата.