Македонскиот, регионалниот и сеуште актуелен европски машки ракометен шампион, скопски Вардар подготвувајќи тим за нови задоволства на армијата љубители на спортот во земјава, па и пошироко во регионот, ангажира уште едно добро познато име на домашната сцена, средниот бек Ловро Јотиќ. Со ангажманот на хрватскиот интеранционалец кој минатат сезона го носеше дресот на битолски Еурофарм Пелистер, „црвено-црните“ ја решија и последната дилема како ќе изглед тимот за наредната сезона. Хрватот пристигнува од Битола во Скопје преку Лисабон.
Јотиќ пред да стигне во Скопје во меѓувреме потпиша за португалскиот тим Бенфика, но поради финансиската криза и дрстичното намалување на платите тој набрзо се премисли и одлучи да се врати назад во Македонија, каде имаше понуда и од Металург. Го одбра Вардар за повторно да игра во Лигата на шампионите, а ќе соработува и со тренерот Стевче Алушовски со кога добро се познаваат од редовите на битолскиот Еурофарм Пелистер.
Вардар направи „ремонт“ во тимот со ангажирање на деветмина новаци. Пред Јотиќ, „црвено-црните“ догвори потпишаа со: Талески, Георгиевски, Јагуриновски, Кантегрел, Вујин, Валчак, Векиќ и Гаџа.