Албанскиот јавен сервис ќе почне да емитува вести на црногорски јазик на втората телевизиска програма (РТШ 2), соопшти денеска Матицата на Црногорците.
Вестите ќе се емитуваат двапати дневно, од понеделник до петок.
Заслугата за тоа му припаѓа на претседателот на Унијата на Црногорците во Албанија, Маринко Чулафиќ, кому Матицата на Црногорците му упати срдечни честитки и признание за макотрпната работа.