Велика Британија го укинува карантинот за патници од 75 земји

Британската Влада се откажа од планот за воспоставување воздушни мостови и ќе го укине задолжителниот карантин за патници од 75 земји, јави денеска „Телеграф”.

„Телеграф” пишува дека Велика Британија наскоро ќе ја укине забраната за патувања кои не се неопходни за речиси сите дестинации во ЕУ, британските територии Бермуда и Гибралтар, како и Турција, Тајланд, Австралија и Нов Зеланд.

– Како што рековме претходно оваа недела, ќе ги олеснуваме здравствените мерки на границата и ќе им овозможиме на патниците од одредени земји и територии да влегуваат без обврска за самоизолација, рече портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

Велика Британија минатиот петок објави дека ќе го укине двонеделниот задолжителен карантин за луѓето што пристигнуваат од земји како Франција, Грција и Шпанија.

Треба да знаете
Последни објави