ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски на средби со своите градоначалници ги препакува истите лаги од 2016

Оливер Спасовски соочен со разочараноста од власта на СДСМ, која владее меѓу граѓаните, кампањата ја пренасочи на средби со градоначалниците од својата партија и тесен круг партиски активисти.

Народот виде дека неспособната власт на Заев и Спасовски нема направено ништо од ветувањата кои им ги даваа пред три години. Нема ништо од ветените 600 километри автопат, 32 гасифицирани општини, изградбата на училишта и студентски градови, изградбата на болници и клиничкиот центар во Скопје и десетици други лаги кои Спасовски и Заев ги кажуваа тогаш.

Како да не биле власт во овие три години. Без срам ги препакуваа истите лаги и пак ветуваат дека едно  исто. Нивното вистинско мото на овие избори е МОЖЕВМЕ, АМА НЕ НАПРАВИВМЕ.

СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави