Во нуклеарната електрана Натанц во Иран се случи „инцидент” при што е оштетен објект во изградба, но тоа не влијалео на редовното функционирање на нуклеарната централа, а нема ниту зголемена радијација.
– Оштетената зграда е опишана како „инсдустриска шупа”, се наоѓа над земја и не е дел од нуклеарната постројка, изјави портпаролот на Организацијата за атомска енергија Беруз Камалванди.
Тој додаде дека нема причина за загриженост.
Натанц е една од основните постројки за збогатување на ураниум во Иран.