Лејкерс потпишаа договор со Смит

Лос Анџелес лејкерс преку клупскиот Твитер го најави своето засилување за преостанатиот дел од сезоната во кошаркарската НБА лига. Станува збор за Џеј Ар Смит.

Триесет и четиригодишниот Американец ќе го заземе местото на Ејвори Бредли, кој претходно одби да учествува во продолжување на сезоната 2019/20.

Смит ќе настапува под број 21.

Лидерот на Лејкерс, Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит играа заедно во Кливленд четири сезони. Тие му помогнаа на Кливленд да ја освои титулата во НБА шампион во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави