“Ова не е обично време и ова не се обични избори. Ова е време на големи предизвици на кои треба да се одговора брзо, со многу знаење, координираност и посветена работа. Секогаш, во клучните моменти за државата, Социјал демократскиот сојуз знаел да го направи вистинскиот избор и за државата и за граѓаните. Станавме членка на НАТО, а вчера од Брисел пристигна веста дека Европската Комисија го потврдила и предлогот за Преговарачката рамка на нашата земја со Унијата, процес кој што од мртва точка го помести Владата предводена од СДСМ и низ кој од ден во ден се движиме се посигурно напред, кон целосно интегрирање во ЕУ, рече Сања Лукаревска, носителка на изборна листа во ИЕ2, на средбата со граѓаните во општина Ѓорче Петров.
Лукаревска зборуваше за предизвиците од пандемијата и за одговорот на здравствената криза во изборната Програма на СДСМ.
“Во новиот мандат инвестициите во здравството и во човечкиот капитал ќе продолжат уште повеќе, со вработувања во јавното здравство, затоа што на тој начин вложуваме во здравјето на сите граѓани, а платите во здравството ги покачуваме за 40 % во наредните четири години. Ги поддржуваме здравствените работници и се грижиме за здравјето на секој граѓанин. Социјал демократскиот сојуз не отстапува од политиката на поголеми плати и поголеми пензии. Просечната плата до крајот на мандатот повисока за 30%, а минимилната за 40 %. До крајот на мандатот обезбедуваме просечна плата од 34 илјади денари и минимална плата од 20 илјади денари. Пензиите ќе го следат порастот на животните трошоци. Најниските пензии во наредните 4 години ќе се зголемат за 21% отсто. Нашата Програма ќе продолжиме да ја остваруваме заедно, со одговорно управување на јавните финансии и враќање на парите на граѓаните преку повисоки плати и пензии, подобро здравство, подобро образование, патишта, комунална инфраструктура, се она што вам ви е потребно, зашто приоритетите ги определувате вие, рече Лукаревска.