Откако на површина исплива темата за односите меѓу тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона Кике Сетиен и францускиот интеранционалец Антоан Гризман се запали алармот на „Камп Ноу“.
Напаѓачот Гризман против својот поранешен клуб Атлетико Мадрид влезе во игра во последните минута-две што дополнително ја прели чашата со незадоволство. Тоа било причина сестрата на Гризамн која е и негов менаџер побарала итен состанок со челниците на Барселона. Ќе се дискутира за статусот на Гризман во тимот на Барселона.
Во Шпанија се шпекулира дека веќе се разгледува опција Гризман да замине или да биде вклучен во некоја размена. Но ваквото сценарио напаѓачот го одбил и највил битка за првотимски статус во Барса по секоја цена.
За да биде отворен овој пат за францускиот интеранционалец треба да биде надминат проблемот со тренерот Сетиен, од кого се разочарани и навивачите.