Пејачката Милица Тодоровиќ е позитивна на коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Последните неколку денови Милица го поминала времето во друштво на Славица Чуктараш за која денес се потврди дека е исто така позитивна на коронавирусот.
– Направив тест во исто време со Славица затоа што последните денови бевме заедно, а истиот е позитивен, рекла Милица и додала дека до вчера се чувствувала добро и не знаела дека има коронавирус, а денеска започнала да ги чувствува првите симптоми и температура.
-Во куќна изолација сме со Славица и се придржуваме на се што ни кажа докторот, така ќе остане додека не се чувствуваме подобро и додека немаме негативни тестови, рекла Тодоровиќ.