На денешен ден, Влатко Илиевски ќе наполнеше 35 години. Влатко, кој почина на 6 јули во 2018 година, за своите 33 години беше успешен пејач, автор, актер и водител.
„За љубов се пее до крај“ беше насловот на една од неговите песни, дует со Ристо Самарџиев со кој победија на „Охрид фест“ во 2009 година. Ова беше една од триесет и петте фестивалски награди на Влатко. Токму по оваа песна ќе се вика цедето кое ќе биде издадено во сеќавање на Влатче, како што најблиските и пријателите од естрадата го викаа. На цедето има 19 песни, кои внимателно ги избра неговото семејство, таткото Драган, мајката Јулија и сестра му Наташа. Таткото на Влатко, Драган Илиевски- Вршац, познат спортист и скопски угостител ни ја раскажа приказната и симболиката на овој албум и се присети на најдрагите нешта на својот син…
Преземено од Женски магазин