Русија ја продолжи забраната за влез на странски државјани во земјата заклучно со 31 јули.
Во текот на пролетта Владата ги прекина меѓународните редовни и чартер летови поради пандемијата на коронавирусот, што значи не само забрана за влез, туку и за излез.
Минатиот месец шефот на Федералната агенција за воздушен сообраќај Александар Нарадко и предложи на Владата план за обновување на меѓународниот воздушен транспорт.
Според него, би можело да се започне со земјите на ЗНД, а потоа да се вклучат и други земји зависно од епидемиолошката состојба. Досега неговата иницијатива не е одобрена.