Српските граѓани кои тргнале на одмор кон Грција се соочуваат со вистински пекол на граничните премини. Оние кои се упатиле кон саканите дестинации преку граничниот премин Кулата во Бугарија наидуваат на километарски долги колони, поради што се принудени да чекаат со часови за да влезат во Грција, другите пак кои го испланирале совето патување преку Македонија на преминот Евзони ги чека спуштена рампа, па се принудени да се враќаат назад.
На граничниот премин Кулата – Промахонас колоната е долга 13 километри велат граѓаните кои се упорни и на тополото време чекаат да премината од другата страна.
-Чекаме два часа, а се поместивме само два километри. Колоната е долга велат 13 километри, не информира полицаецот кого го прашавме поради што е застојот. Затојот како што ни кажа полицискиот службеник е поради тоа што на грчката страна се проверуваат патниците без QR код, па мораат рачно да го пополнуваат формулар – вели еден српски турист.
За разлика од овој граничен премин, на македонско-грчката граница од преминот Евзони за влез во Грција вчера и денеска претпладне се вратени назад 780 српски државјани.