Финските воздухопловни сили престанаа да го користат стариот амблем кој содржеше свастика, јави Би-би-си.
Долго време, амблемот на финските воздухопловни сили беше свастика обрабена со крилја. Сепак, свастиката, симбол стар неколку илјади години кој во западната култура обично се поврзува со нацистите, сега е исфрелен од амблемот.
The Finnish air force command has dropped the swastika from its logo without making an announcement. The air force had been using the symbol since 1918.https://t.co/AELQVz3lun
— DW News (@dwnews) July 2, 2020
Финското воено воздухопловство го користело симболот од основањето во 1918 година, многу брзо по независноста на земјата и долго пред подемот на нацизмот.
Овој симбол се користи илјадници години во индиската култура и низ целиот свет, но на Западот стана популарен на почетокот на минатиот век.
Во текот на 20-тите години на минатиот век, Адолф Хитлер ја искористи свастиката како симбол на неговата Национал-социјалистичка партија, која дојде на власт во Германија во следната деценија.
Геноцидот на режимот на Хитлер доведе до тоа повеќето луѓе на Западот свастиката да ја поврзуваат со нацизам и антисемитизам.