Франција денеска е осудена од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за недоволна помош на барателите на азил. Според судот од Стразбур, бегалците биле „жртви на понижувачко постапување, што сведочи за недостиг на почитување на нивното достоинство”, јави дописникот на МИА.
Пресудата ЕСЧП е по жалбата на тројца баратели на азил, принудени да живеат „на улица” и „ лишени од средства за егзистенција, кои велат дека се нашле во „нехумани и понижувачки услови на живот”.
-Француските власти не успеаја (…) во своите обврски кон тројцата изолирани возрасни лица, Авганистанец, Русин и Иранец, на возраст од 27, 33 и 46 години кои беа „жртви на деградирачки третман што сведочи за непочитување на нивното достоинство “, се вели во соопштението судот со седиште во Стразбур.
-Француските власти мора да бидат одговорни за условите во кои апликантите се нашле со месеци, живеејќи на улица, без ресурси, без пристап до санитарни јазли, без средства за задоволување на нивните основни потреби и во постојана вознемиреност од страв да бидат нападнати и ограбени , посочува Судот.
ЕСЧП, исто така, забележа дека тројцата мажи „живееле на улица без финансиски ресурси”, и само добивале привремен додаток за чекање (АТА) по многу долго рок на чекање за додатокот. За судиите во Стразбур, „оваа состојба предизвикала кај нив чувство на страв, болка или инфериорност, што може да доведе до очај”.
Сепак, Судот „нагласува дека е свесен за постојаното зголемување на бројот на баратели на азил од 2007 година и преполнетоста” на структурите за прием. Исто така, ЕСЧП ги признава „напорите направени од француските власти за создавање дополнителни места за сместување и за скратување на времето потребно за разгледување на барањата за азил”.
Покрај ова, ЕСЧП смета дека „овие околности не исклучуваат дека ситуацијата на барателите на азил можеби била таква што веројатно ќе претставува проблем во однос на почитувањето на Франција на членот 3 од Европската конвенција” човекови права (забрана за нечовечко и понижувачко постапување).
Затоа, Судот „едногласно” заклучи дека имало повреда на овој член и, особено, им доделила 10.000 евра на двајца од апликантите и 12.000 евра на третиот во однос на нематеријална штета. Ова е четврта пресуда на ЕСЧП против Франција за помалку од еден месец.