Ѓоковиќ по десет дена поминати во самоизолација има негативен тест

Последните тестови направени на првиот светски тенески рекет Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на кронавирусот. Ова го покажаа најновите резултати од  PCR  тестот направен во Белград, откако поминаа десет дена во самоизолација по враќањето од Задар каде беше прекинат тенискиот турнир „Адрија тур“ поради појавата на коронавирусот меѓу учесниците.

Позитивни по враќањето од Задар беа и Новак и Јелена иако не покажувале никакви симптоми на вирусот. Покрај Ѓоковиќ позитивни тестови имаа и Виктор Троицки, Григор Димитров, Борна Чориќ, како и многу други учесници на тенискиот спектакл во Белград и Задар.

 

Треба да знаете
Последни објави