Јанушев од Свети Николе: Со Обнова ветуваме навремена исплата на субвенциите и гарантиран откуп на земјоделските производи

Носителот на изборна единица 3, Игор Јанушев денес оствари посета во Општина Свети Николе каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за навремена исплата на субвенции на земјоделците и сигурен откуп на земјоделските производи.

„Денеска сме повторно во Свети Николе помеѓу Светиниколчани. Се среќаваме со граѓаните, ја презентираме нашата програма заедно со кандидатите за пратеници Благица Ласовска и Иванка Василевска. Она што го гледаме веќе низ цела Македонија го гледаме и овде во Свети Николе огромната поддршка од населението која е се поочигледна. Луѓето ги интересира да знаат што ќе направиме во следните четири години па затоа чест ми е повторно од овде од Свети Николе да кажам дека покрај оние генерални големи проекти кои што ќе се одвиваат нормално за сите 20% зголемување на пензиите или околу 3.500 денари за секој пензионер  повеќе. 25% зголемување на платите за сите вработени“, истакна Јанушев.

Јанушев додаде дека она што е битно за Свети Николе е проектот за гасификација. Буквално гасификација и природен гас до секој еден дом, и тоа со бесплатен приклучок за секој еден граѓанин.

„Свети Николе како земјоделски крај, луѓето се интересираат за земјоделските мерки кои што ги планираме во следните 4 години да ги имплементираме односно да им ги овозможиме на земјоделците. Она што го гледам како најголем проблем е ненавремената исплата на субвенциите, голем дел од луѓето се жалат дека немаат добиено субвенции уште од 2019-тата година, Исто така интересно е да се каже во однос на манипулациите со оној јас би го нарекол лажен проект за зелена нафта. Во разговор со еден од граѓаните  добив информација дека замислете земал 961 денар за зелена нафта. И за вака попластично да ми објасни што тоа значи вели имам нафта да работам на нива од прилика половина ден. За да немаме вакви работи, да ставиме крај на оваа криминално рекетарска банда на власт предводени од Заев и Николовски, ја очекувам и ја барам вашата поддршка бидејќи за она што ќе се залагаме во земјоделието е навремена исплата на субвенциите и гарантирам откуп на земјоделските производи“, вети Јанушев.

Јанушев за крај порача поддржете не, за да можеме на граѓаните да помогнеме. Гласајте за број 14.

 

 

Треба да знаете
Последни објави